Голманот на францискиот шампион ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга неодамна преживеаја вистински хорор во нивниот дом во Париз откако вооружени крадци влегле во станот на Италијанецот. Криминалците најпрвин ги соблекле и ги врзале италијанскиот голман и неговата сопруга, по што го демолирале домот и го ограбиле во вредност од речиси половина милиони евра.
За невкусното доживување сега говореше и самиот Донарума кој вели дека нема полошо чувство од тоа да видиш непознати личности во домот во три часот наутро, а додаде и дека се плашел за неговата сопруга.
„Мислам дека нема полошо чувство од тоа да најдеш непознати луѓе во својата куќа во три часот наутро. Бев врзан и Алесија беше присилена да им даде се што е вредно. Моравме да го напуштиме станот за да се заврши истрагата па се сместивме во хотел. Многу се плашев за Алисија, бев беспомошен. Не говорам најдобро француски па ми беше тешко да им објаснам на крадците каде се работите кои сакаа да ги украдат“, открива Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА