Шампионот ПСЖ го одигра и второто реми во низа со вечерашните 0-0 на гостувањето против Монако, меч што ќе остане запаметен по односот на Килијан Мбапе по одлуката на тренерот Енрике да го повлече големиот ас од игра на паузата меѓу двете полувремиња.
ПСЖ беше целосно надигран во првиот дел во кој Донарума имаше четири извонредни интервенции со кои спречи водство на Монако. „Светците“ имаа само три допири со топката во противничкиот шеснаесетник за 45 минути, најмалку во последните осум години, па Енрике реши да менува внесувајќи го Коло Муани на местото на Мбапе.
Францускиот репрезентативец реши да „демонстрира недисциплина“ одбивајќи да седне на клупата за резерви во вториот дел, туку облечен во тренерки преку атлетската патека крај теренот се качи во ложата.
Мбапе по мечот се симна на теренот за да се поздрави со своите и со противничките фудбалери, но останува да се види дали голгетерот ќе биде казнет за ваквото однесување.
За одбележување е дека ПСЖ играше далеку подобро во вториот дел без него на теренот, „светците“ создадоа неколку шанси што останаа неикористени, за поделба на бодовите на крајот на овој меч (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА