Донарума и официјално е нов „граѓанин“ (ФОТО)

Манчестер сити и официјално го промовираше Џанлуиџи Донарума како нов голман на „граѓаните“.

По четири сезони во редовите на ПСЖ, 26-годишниот Италијанец, потпиша договор до јуни 2030 година со Манчестер сити.

„Горд сум што сум тука, во еден од најдобрите клубови на светот. Верувам дека ќе помогнам да продолжиме да победуваме и повторно да ја вратиме шампионската титула“ – изјави Донарума на промоцијата во новиот дрес.

Донарума се очекува да дебитира веќе овој викенд во дресот на Манчестер сити.

Се вчитува...