Договорот на Донарума со Милан истекува на 30 јуни, а „росонерите“ и агентот на голманот, Мино Рајола не се договорија за продолжување на соработката поради екстремните финансиски барања. Директорот на Милан, Паоло Малдини вчера потврди дека Џанлуиџи Донарума ќе го напушти клубот како слободен фудбалер.
Иако се споменуваше дека Јувентус можеби е следната дестинација на 22-годишниот голман, се чини дека Италијанецот би можел да се пресели во Премиерлигата. Според англиските медиуми, Челси веќе е во напредни преговори со Рајола за да го доведе Донарума на „Стемфорд Бриџ“.
Иако „сините“ се задоволни од Едуард Менди, сепак Донарума важи за еден од најдобрите голмани во светот и покрај тоа што е исклучително млад. Пред себе има долга кариера, па Челси не сака да ја пропушти шансата да потпише договор без обештетување со Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА