Донарума избран за најдобар голман на светот

Голманот на Манчестер Сити и на италијанската репрезентација , Џанлуиџи Донарума, е прогласен за најдобар голман во светскиот фудбал за 2025 година од страна на ФИФА. Минатата сезона, Донарума освои тројна круна со својот поранешен тим ПСЖ – Лигата на шампионите, титулата и Купот на Франција.

Номинирани за наградата беа и Алисон (Ливерпул и Бразил), Тибо Куртоа (Реал Мадрид и Белгија), Емилијано Мартинез (Астон Вила и Аргентина), Мануел Нојер (Баерн Минхен и Германија), Давид Раја (Арсенал и Шпанија), Јан Зомер (Интер и Швајцарија) и Војчех Шчесни (Барселона и Полска).

„Исклучително сум горд што сум прогласен за најдобар во светот пред толку големи голмани, за кои имаат огромно почитување и восхит. Беше неверојатна година што ќе ми остане во сеќавање долго време. Прекрасно е што сум признат за мојата улога во успесите постигнати во овој период“, рече Донарума .

Се вчитува...