Донарума: Изненаден сум од заминувањето на Манчини

Голманот на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума, рече дека е изненаден од оставката на селекторот Роберто Манчини, кој се реши да ја напушти Италија и да седне на клупата на Саудиска Арабија, иако тренерот самиот тврдеше дека неговата оставка од европскиот првак нема допирни точки со понудата од Арапите.

Манчини „како гром од ведро небо“ се реши да ја напушти селекторската функција на Италија, непосредно пред гостувањето на неговата селекција во Скопје, што за Донарума претставуваше изненадување.

„Никој не ја очекуваше оставката на Манчини. Разговаравме, му се заблагодарив бидејќи испишавме историја. За жал не се пласиравме на Светско првенство што е неуспех, но испишавме историја што го освоивме Европското првенство, и тоа ќе остане запаметено засекогаш. За Манчини можам да кажам дека даде многу. Добро се чувствувавме и игравме многу добро. Секогаш беше добро да се биде дел од националниот тим додека тој беше селектор“, рече Донарума.

Се вчитува...