Донарума ја одби „Старата дама“, но ќе остане во Серија А

Џанлуиџи Донарума е слободен фудбалер да потпише за било кој клуб без обештетување. Голманот си заминува од таборот на Милан, каде што дебитираше на само 16 години. Младиот играч важи за еден од најдобрите голмани во светот иако има само 22 години, но со неговиот агент Мино Рајола не можеше да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со „росонерите“.

Рајола имаше огромни финансиски барања од Милан, па клубот реши да не ги продолжи преговорите и веќе го купи Мајк Мињо од Лил за 13 милиони евра. Иако шпекулациите беа дека Џанлуиџи Донарума ќе биде наследник на Џиџи Буфон на голот на Јувентус, италијанските медиуми пишуваат дека голманот би можел да заврши во Рим.

Наводно, новиот тренер на „римската волчица“, Жозе Мурињо инсистира Донарума да биде еден од неговите први засилувања. Рајола од Милан бараше годишна плата од 10 милиони евра за својот клиент, па останува да видиме дали Рома е подготвена да му понуди ваков договор на голманот.

Се вчитува...