Џанлуиџи Донарума е можеби најдобриот голман во овој момент. Неговиот договор истекува со Милан, па тој останува слободен играч кој е во потрага по нова средина. Трансферот во Јувентус најверјатно пропадна, па сега се вели дека одличниот голман е многу близу до потпишување договор со Барселона.
Италијанскиот медиум „Тутомеркато“, наведува дека Барселона испратила понуда минатата недела и сега се чека одговор. Претседателот Жоан Лапорта на 22-годишникот фудбалер му понудил пет сезонски договор со годишна плата од 10 милиони евра. Марк-Андре Тер Штеген неодамна имаше операција на коленото и тешко е да се каже кога ќе се врати на теренот, па Барса веројатно ќе се обиде да го продаде Германецот и со тоа да заработи големи пари бидејќи Донарума ќе пристигнеше бесплатно.
Според некои најави од Шпанија, Тер Штеген најверојатно ќе се врати и во Германија, во тимот на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА