Одличнио млад голман, Џанлуиџи Донарума викендот го имаше своето официјално деби на голот на ПСЖ во победата од 4-0 против Клермон во Лига 1.
Италијанецот на стартот од сезоната му беше резерва на Кејлор Навас, но сега конечно застана помеѓу стативите. Очекувано беше задоволен од својот настап, но не заборави да го „пецне“ својот поранешен клуб Милан од каде летово си замина како слободен агент.
„Ова беше специјален натпревар и исто така одличен резултат. Добро бевме подготвени за овој меч. Им благодарам на навивачите што ни дадоа одлична поддршка. Среќен сум за своето деби, бидејќи ние сме силен тим. Милан за мене е веќе минато, сега уживам во ПСЖ. Среќен сум тука и тимот одлично ме пречека. Ќе се обидеме да победиме на што е можно повеќе натпревари и да ги направиме навивачите среќни, бидејќи ни даваат фантастична подршка“, додаде Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА