Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума (26) преговара со раководството на ПСЖ за нов договор, бидејќи сегашниот му истекува следната година.
Иако преговорите формално почнаа пред неколку месеци, тие дури сега ќе се интензивираат, пишуваат француските медиуми. Раководството на европскиот шампион мора да ги забрза преговорите, бидејќи за италијанскиот голман интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Во моментов највисока плата во ПСЖ има крилниот напаѓач Усман Дембеле, кој заработува 18 милиони евра годишно, додека Донарума заработува 12 милиони и 730 илјади евра по сезона.
Донарума помина низ младинската академија на Милан и играше за „росонерите“ шест сезони. Сепак, во летото 2021 година, тој се пресели во Градот на светлината како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

