Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума нема да го игра натпреварот против Рен, а тоа се случува неколку дена пред мечот против Арсенал во Лигата на шампионите, соопшти парискиот клуб.
ПСЖ вечерва од 21 часот ќе игра и без Нуно Мендеш, Витина и Дезире Дуе кои се опоравуваат од различни повреди. Тренерот на парискиот клуб Луис Енрике изјави за новинарите дека Донарума има мали здравствени проблеми и нема сериозна повреда.
ПСЖ го зазема првото место во француската Лига 1 со 13 бодови и моментално е изедначен по бројот на бодови со Монако и Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА