Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума го прокоментира испаѓањето на актуелниот шампион од Европското првенство во Германија. Италија загуби со 0:2 од Швајцарија и беше елиминирана во 1/8 финалето.
Донарума изјави дека Швајцарија заслужи да победи денеска и се извини на фановите за оваа елиминација.
„Боли ова, кога ќе испаднеш на овој начин. Разочарани сме, Швајцарија заслужи да помине. Се мачевме цел натпревар, во првото полувреме загубивме многу топки. Беше тежок, многу тежок натпревар. Недостасуваше се, па дури и квалитет. Имавме уште едно полувреме, но веднаш примивме гол. Мора да го прифатиме ова, се разочаравме. Тој гол ни ги пресече нозете. Веројатно не бевме во оптимална форма на ова ЕВРО. Им се извинуваме на нашите навивачи за нашите слаби изданија“, рече Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА