Голманот на Пари Сен Жермен и Италија, Џанлуиџи Донарума, беше прашан за неговата иднина на прес-конференцијата на „Аѕурите“ пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Норвешка. Италијанецот има договор со ПСЖ до 2026 година и очигледно чека нов договор од европскиот шампион.
Во меѓувреме се шпекулираше за негово враќање во Италиај, откако беше поврзуван со трите најголеми тима Милан, Јувентус и Интер.
„Клубот ќе одлучи дали да го продолжи мојот договор или не. Се чувствувам добро во Париз. Не знам дали мојот агент имал состанок со Интер.“, рече Донарума, кој потоа беше прашан дали е можно враќање во Милан.
„Подготвен сум на сè, но мојата прва опција е да останам во Париз – таму најдов рамнотежа, тимот и навивачите ме сакаат и се надевам дека ќе поминам уште многу години. Можеби еден ден ќе се вратам во Италија“, изјави чуварот на мрежата на италијанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

