Донарума: ПСЖ ме разочара, болеше кога требаше да заминам

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој сега е дел од Манчестер Сити, за првпат проговори за неговото заминување од ПСЖ. Чуварот на мрежата беше еден од најзаслужните за трофејот во Лигата на шампионите, а потоа следуваше шок, откако беше продаден на Сити.

Тој рече дека заминувањето се случило во миговите кога целосно се адаптирал во клубот, и дека го боли што го напуштил тимот.

„Напуштањето на ваков клуб никогаш не е лесно. После се што се случи, ми беше тешко. Се адаптирав во клубот, на стилот на игра, а во последните месеци тој исчезна. Штета, затоа што ја освоивме Лигата на шампионите. Боли, но време беше да се сврти друга страница, а секогаш ќе бидам со соиграчите и навивачите. Се чувствував предаден затоа што се трудев да се адаптирам. На крајот ме разочараа, тоа е нешто кое никогаш не можам да го објаснам, но морам да живеам со тоа. Штета што не продолживме, но секогаш ќе им бидам благодарам за она што ми го дадоа, и за она што јас им го дадов. Беше неверојатно, и секогаш ќе бидам благодарен, особено на навивачите“, изјави Донарума.

Се вчитува...