Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, призна дека сонува да ја освои Лигата на шампионите со тимот.
Ова стана нешто како фиксна идеја за францускиот гигант, кој, сепак, никогаш не успеа да ја постигне својата голема цел во последните години. Италијанецот сподели и за својот живот во Париз и како се адаптирал на францускиот фудбал во последните години.
„Среќен сум во Париз и се чувствувам се повеќе и повеќе сместен овде откако тука се роди и мојот син. Се чувствувам како лидер на тимот и сонувам да ја освојам Лигата на шампионите. Но, не смееме да дозволиме тоа да ни тежи премногу. Во Лига 1 исто така ќе биде тешка сезона бидејќи знам колку добар тренер е Де Зерби во Марсеј, но имаме и одличен тренер во Луис Енрике“, рече Донарума.
„Јас сум самокритичен по секој натпревар и секогаш размислувам за тоа што можам да напредувам. Откако ја напуштив Италија станав предмет на многу критики, што на почетокот ме нервираше, но имам широки раменици и знам како функционира фудбалот, знаев дека морам да се затворам во себе и да не обрнувам внимание на надворешни фактори. Имаме капитен како Маркињос, кој ги држи сите под контрола, но и јас чувствувам потреба да ги советувам помладите“, додаде голманот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА