Џамал Мусиала заработи скршеница на левата нога и изместување на скочниот зглоб на четвртфиналниот натпревар помеѓу неговиот Баерн Минхен и ПСЖ откако влезе во дуел со противничкиот голман Џанлујџи Донарума.
Италијанскиот голман во обид да стигне до топката имаше остар старт пред Мусиала по што падна врз него и го повреди Германецот на кој сега му следи операција и пауза од четири до пет месеци.
По целата ситуација голманот на ПСЖ се огласи на социјалните мрежи каде напиша: „Се молам за тебе и ти посакувам брза рехабилитација“.
Според медиумите Донарума имал и обид да стапи во контакт со германскиот фудбалер по крајот на натпреварот, но тој веќе бил во болница. Покрај тоа му испратил и неколку пораки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

