Донарума се прости од Милан: Осум години гордо го носев овој дрес, сега е време за збогум

Џанлуиџи Донарума со писмо на својот инстаграм-профил се прости од навивачите на Милан, ставајќи крај на сагата што траеше веќе подолго време и резултираше со негово заминување од „Сан Сиро“ и преселба во ПСЖ.

Донарума на 16 години дебитираше за „росонерите“, се наметна како голем талент, но и пред неколку години управата се мачеше да го задржи, давајќи му голема плата, истовремено потпишувајќи договор и со неговиот брат, кој е потпросечен талент за ваков клуб. Тој договор во меѓувреме истече, а Донарума одби да го продолжи навлекувајќи го бесот на навивачите.

„Некои избори се тешки, но тие се дел од растењето како личност. Во Милан стигнав како малку поголемо дете, осум години гордо го носев овој дрес, заедно се боревме, патевме, победувавме, плачевме, славевме… со сите кои е дел од овој клуб. Во дресот на Милан остварив неколку фантастични работи, како деби во Серија А на 16-годишна возраст. Сега е дојдено времето за разделба, избор што воопшто не беше лесен и што не може да се објасни со зборови. Му посакувам на Милан се најдобро, сите можни успеси бидејќи спомените што ме врзуваат за црвено-црната боја не можат да се избришат ниту од оддалеченоста ниту со времето“, напиша Донарума.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna99)

Се вчитува...