Донарума се прости од навивачите на Пари Сен Жермен (ВИДЕО)

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума се збогуваше со навивачите на Пари Сен Жермен. Тренерот Луис Енрике повеќе не смета на него, па затоа еден од најдобрите голмани во светот е во потрага по нова средина.

По натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Анже (1-0), Донарума се збогуваше со навивачите, а неговите соиграчи беа со него.

Џиџо е член на „светците“ од 2021 година и со тој клуб освои четири Лига 1, два Купа и една Лига на шампиони. Негова следна дестинација треба да биде Манчестер Сити, а веќе се работи на тоа.

Се вчитува...