Донарума: Вечно ќе му бидам благодарен на Михајловиќ

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Италија. На церемонијата на доделување на наградата тој му се заблагодари на српскиот стратег, Синиша Михајловиќ кој беше првиот кој му даде шанса во Милан.

„Вечно ќе му бидам благодарен на Синиша. Имаше храброст да ми даде шанса да дебитирам на 16 години“, изјави накратко Донарума. 

Младиот Италијанец во дресот на Милан е од 2015 година и иако има само 20 години, тој веќе запиша 156 натпревари за „росонерите“. Исто така во моментов е и избор број еден на голот на репрезентацијата на Италија, каде досега има собрано 16 настапи.

Се вчитува...