Донарума заврши со Пари Сен Жермен

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, е изоставен од составот за натпреварот против Тотенхем во Суперкупот на УЕФА.

Неодамна, францускиот клуб го објави трансферот на голманот Лукас Шевалие од Лил. Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, објави дека Шевалие ќе биде прв голман следната сезона.

Ова би значело дека Донарума ќе бара нов ангажман уште ова лето. Договорот на италијанскиот голман истекува следната сезона, сега е очигледно дека продолжувањето на соработката нема да се случи.

Донарума сакаше поголема плата, ПСЖ не беше подготвен да ја плати. Поради оваа причина, ќе има разделба.

Се вчитува...