Лука Дончиќ одигра уште еден меч за паметење, со 42 поени носејќи победа на Словенија на дуелот со Италија, со што Словенците се пласираа во четвртфиналето од Евробаскет 2025.
Дончиќ одигра прва четвртина за паметење постигнувајќи 22 поени, по што поради повреда мораше да замине накратко во соблекувалната и го пропушти стартот на вториот период. Тој не крие дека се мачи со повреда, но и јасно стави до знаење дека неговиот настап во четвртфиналето против Германија воопшто не треба да се доведува во прашање.
„Боли, навистина боли, но ќе биде супер…. Ќе одам на терапии и ќе се среди… И без една нога, ако треба и без колк, но јас ќе играм против Германија“, прокоментира Дончиќ.
Потоа, тој се осврна на фантастичната тимска хемија што владее во словенечкиот национален тим.
„Секоја чест на момците, сите дишеме како еден, заедно сме и кога победуваме и кога губиме… Тука сме еден за друг, си даваме поддршка, некогаш и ќе се скараме, но сето тоа е нормално, почитта што ја имаме еден за друг и тимската хемија се неверојатни“, задоволен е најдобриот словенечки кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

