Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ неочекувано беше трејдуван од Далас во ЛА Лејкерс, размена која предизвика „бура“ во светската кошаркарска јавност.
Се слушнаа и многу теории за таквата одлука на Далас, од прекумерната тежина на Дончиќ до тоа дека сака да се коцка, а всушност официјалната порака од Далас беше: ‘титулите се добиваат со одбрана,поради што е доведен Ентони Дејвис’.
Но, факт е дека никој не поверува на овие зборови на генералниот менаџер Ник Харисон, па ни Дирк Новицки и затоа потрагата по нешто „поверодостојно“ се уште трае. Популарниот германски подкаст „Готнекст“, чиј водител е новинарот Андре Фогт, упати уште посериозни обвинувања против Лука Дончиќ.
„Од извор во Србија дознав дека Лука Дончиќ има проблеми со алкохолот, и тоа е главната причина за овој трејд“ – рече Фогт.
Ова не е прв пат да се појави оваа теорија, сега наводно дополнително потврдена…
„Лука Дончиќ имаше многу критичари во Далас. Дури и во неговиот тим, луѓето му велеа: ‘Да беше барем десет килограми полесен, немаше да се повредуваш толку често. Би бил физички подготвен на крајот од натпреварите, на крајот на сезоната. Можеш да бидеш уште подобар играч, особено во одбраната’. Но, другата приказна што постојано кружи – се надевам дека ова не е изненадување за сите – е тоа што тој навистина сака да пие. Некои дури велат дека е алкохоличар. Тоа го слушнав од српски извори. Луѓето кои всушност се вклучени во српската репрезентација го спомнуваат тоа. Семејството на Дончиќ е по потекло од Србија“ – дополнува Андре Фогт.
Фогт истакнува дека Дончиќ имал многу непријатни сцени со алкохолот кои се случувале многу често, а на што сведоци биле сите во Далас.
„Се разбира, во текот на летото, секој може да ужива во пијалок. Но, ако дојдете на тренинг со мамурлак, ако ви треба пијалок веднаш по натпреварот и ако постојано чувствувате потреба да се забавувате – тоа е проблем. Овде не зборуваме за некоја регионална лига во Германија, туку за НБА. Најблаго кажано, нему дефинитивно му недостасува професионализам. И тоа е фрустрирачки, бидејќи тој е ѕвезда на тимот. Неговиот став ја поставува атмосферата, а другите играчи го забележуваат тоа. Тие мислат: Чекај малку, овој човек не доаѓа на тренинг, или доаѓа пијан, а ние се самоубиваме трчајќи?“ – вели Фогт.
Luka Doncic was chilling with his dad while drinking a beer, and Michael Finley just took it away 😭
(via @GrantAfseth)pic.twitter.com/5yjKYsstq3
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

