ЛА Лејкерс ја прекина серијата од три порази (најдолга за „езерџиите“ оваа сезона) откако триумфираше убеедливо на дуелот со Сакраменто со убедливи 125-101. Очекувано, најзаслужен за триумфот беше Лука Дончиќ, кој одигра одличен меч и со 34 поени и 7 асистенции го трасираше патот до победата. Леброн Џејмс имаше 24 поени, додека кај гостите прв стрелец беше ДеРозан со 22 поени.
Оклахома Сити ја оправда фаворитската улога со Филаделфија славејќи со 129-104, пред се благодарение на фуриозното второ полувреме што домаќините го добија со 65-42. Холмгрем ги предводеше стрелците со 29 поени, два помалку постигна Гилџус Александер.
Најдраматично беше во Торонто, каде канадскиот тим по голема борба и продолжение од пет минути го совлада Голден Стејт со 141-127. Скоти Барнс одигра меч за паметење со трипл-дабл од 23 поени, дури 25 скокови и 10 асистенции, а на гостите не им помогна ниту одличното издание на Стеф Кари и неговите 39 поени.
Резултати НБА:
Портланд – Бостон 114-108, Вашингтон – Мемфис 116-112, ЛА Клиперс – Детроит 112-99, ЛА Лејкерс – Сакраменто 125-101, Оклахома Сити – Филаделфија 129-104, Торонто – Голден Стејт 141-127 (по прод.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

