Њујорк Никс направија големо изненадување во Колорадо, убедливо победувајќи ги Денвер Нагетс со 142:103 (27:29, 38:23, 40:28, 37:23). Натпреварот беше обележан со одличниот учинок на Јокиќ и повредата на Мари.
Тимот од Њујорк доминираше во текот на целиот натпревар и практично без поголеми проблеми ја оствари една од најубедливите победи во сезоната.
Одбраната на Денвер повторно беше катастрофална – сегмент од играта што треба да го подобрат ако сакаат да направат нешто сериозно оваа година.
Српскиот центар Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 38 поени за три четвртини, откако беше на клупата во последната четвртина поради голема негатива. Тој шутираше 14/21 од поле. Исто така, имаше осум скока и пет асистенции за 31 минута на теренот.
Сепак, немаше помош од неговите соиграчи, па затоа неговиот настап не беше доволен за да се избегне тежок пораз.
Денвер влезе во натпреварот по тежок натпревар против Лос Анџелес Лејкерс, а заморот очигледно остави трага. Ова беше особено очигледно во шутирањето за три поени – Нагетсите погодија само 8 од 40 обиди, додека гостите беа многу попрецизни и погодија 16 тројки од 34 шута.
Дополнителен проблем за Денвер е повредата на Џамал Мари.
Бруталната партија на Лука Дончиќ кој постигна 44 поени, беше доволна за победа на ЛА Лејкерс над Индијана од 128-117. Победникот беше решен во првите три четвртини, а во последната Лејкерси влегоа со предност од +19. Во еден момент во последниот период, разликата се зголеми и на +23, со што веќе немаше враќање на Пејсерс, кои само успеаја да ублажат.
Дончиќ убедливо беше најдобар стрелец, Ривс постигна 19 поени, ЛЕнард уфрли 15 поени. Кај Индијана Сиакам постигна 26 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Далас 120:100
Шарлот – Мајами 120:128
Хјустон – Портланд 106:99
Денвер – Њујорк 103:142
Феникс – Њу Орлеанс 118:116
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:112
ЛА Лејкерс – Индијана 128-117
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

