Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ во разговор за „ЕСПН“ откри колку му била тешка сензационалната трампа од Далас Маверикс во Лејкерс.
Не му беше добро на Лука Дончиќ кога беше трејдуван од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, а дополнителна непријатност предизвикаа коментарите на генералниот директор на Мавс, Нико Херисон.
„Тажно е да се слуша што зборува Нико по трејдот. Никогаш не сум рекол ништо лошо за него, само сакам да го оставам ова зад нас. Навивачите, поранешните соиграчи – ќе ги чувам сите во срцето, но време е да продолжам понатаму. Бев во кревет кога дознав за трејдот. Телевизорот не ми работеше, па гледав филм на таблетот пред спиење. Веднаш се запрашав дали е некоја шега. Бев тажен, шокиран. Чувствував како ми го скршија срцето. Сакав да ја завршам кариерата во Далас, а сега сакам да останам во Лејкерс“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА