Дончиќ дебитираше за Лејкерс во убедливиот триумф над Јута, нова неверојатна партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ минатата ноќ го имаше своето деби во дресот на Лос Анџелес лејкерс во убедливата победа на домашен терен против Јута џез од 132-113.

Дончиќ натпреварот го заврши со 14 поени, надополнети со пет скока и четири асистенции, додека најефикасен кај „езерџиите“ беше Леброн Џејмс со 24 поени. Кај поразените Џон Колинс уфрли 17 поени.

Нова неверојатна партија имаше Никола Јокиќ во победата на Денвер нагетс над Портланд трејлблејзерс од 146-117. Србинот натпреварот го заврши со 40 поени со што беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Бентон постигна 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Сан Антонио 121-131, Орландо – Атланта 106-112, Кливленд – Минесота 128-107, Мајами – Бостон 85-103, Бруклин – Шарлот 97-89, Оклахома – Њу Орлеанс 137-101, Милвоки – Голден Стејт 111-125 и Далас – Сакраменто 128-129.

Се вчитува...