И покрај одличната партија на Лука Дончиќ ноќеска, сепак, Далас на крајот беше поразен од Атланта со 130-122. Дончиќ беше одличен, но имал Словенецот и подобри партии од оваа. Постигна 30 поени, четири скокови и осум асистенции.
После натпреварот Дончиќ се пожали дека имал повреда на зглобот, и дека не е во најдобра физичка кондиција. Но, неколку часа пред мечот, новинарот на ЕСПН Тим МекМехон напиша дека Словенецот поставил ултиматум до Далас до крајот на преодниот рок (9 февруари) да му доведат засилувања.
Дончиќ после мечот ги отфрли шпекулациите, исто како и сопственикот на клубот Марк Кубан. Запрашан каков е односот со клубот, Дончиќ одговори:
„Сите во клубот се на моја страна. Не им сугерирав никакви засилувања. Разговараме, некогаш и премногу, имаме одлична комуникација“, рече Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

