Објавен е вториот пресек на гласовите на навивачите за овогодинешниот НБА Ол-стар натпревар, кој ќе се одигра ноќта помеѓу 15. и 16. февруари во Лос Анџелес.
Најмногу гласови досега собра суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ. Лука призна дека бил изненаден кога видел дека е прв на листата.
„Ова е прв пат да ми се случува. Искрено, ова е неверојатно. Дете од Словенија може само да сонува за вакви работи – да сонува да игра во НБА. Тоа навистина ме погоди и тоа е неверојатно чувство“, рече Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

