Кошаркарите на ЛА лејкерс покажаа знаци на надминување на резултатската криза откако „езерџиите“ загубија три од последните четири меча, оној претходниот во шокантна завршница од Чикго булс. Тимот од Ел-Еј не дозволи такво нешто да му се случи и во Мемфис, со беспрекорен напад стигнувајќи до заслужена победа од 127-134. Лука Дончиќ имаше 29 поени и 9 асистенции, но Словенецот имаше огромна помош од Остин Ривс, кој со 31 поен и 8 асистенции беше клучен играч во овој триумф.
Далас влезе во позитивен ритам откако поранешниот клуб на Дончиќ славеше на четири од последните пет натпревари и се приближи на Феникс во трката за последното место кое води во плејин натпреварувањето. Томпсон ги предводеше стрелците со 20 поени, Вашингтон имаше еден поен помалку, додека Ентони Дејвис го заврши мечот со 18 поени и 7 скокови.
Оклахома сити забележа уште една рутинска победа, овојпат на домашен терен над Индијана од 132-111, меч во кој повторно блескаше Гилџус Александер со 32 поени и 8 асистенции.
Резултати НБА:
Вашингтон – Бруклин 112-115, Филаделфија – Мајами 95-118, Чикаго – Далас 119-120, Мемфис – ЛА лејкерс 127-134, Оклахома сити – Индијана 132-111, Сан Антонио – Бостон 111-121.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА