Црногорскиот центар Никола Вучевиќ веќе подолго време се поврзува со заминување од Чикаго. Според последните информации од САД нема да биде изненаување доколку ветеранот биде отпуштен по почетокот на сезоната, а со тоа се поставува прашањето која ќе биде неговата следна дестинација.
Постои голема можност да се врати во Европа, но и да остане дел од НБА со желба за напаѓање на титулата со Лос Анџелес Лејкерс каде за соиграч би го имал неверојатниот Лука Дончиќ.
Сценариото кое би го довело во Лос Анџелес сепак би било кобно за Макси Клебер, германскиот репрезентативец кој беше вклучен во трејдот на Дончиќ од Далас во Лејкерс. Крилниот центар би морал да биде отпуштен за да се создаде доволно простор за финанските барања на Црногорецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

