НБА ветеранот Кевин Лав ја искуси суровоста на најсилното кошаркарско првенство откако неочекувано беше трејдуван од Мајами во Јута во трејд во кој беа вклучени три тимови. Заминувањето на Лав од Мајами доаѓа поради финансиски причини по кои и самиот се огласи на социјалните мрежи со објава „Никогаш не верував дека ќе бидам математички проблем. Добредојдовте во НБА“.
Разочараниот Лав се очекува да замине и од Јута со тоа што веќе договорот откупна клаузула па ќе биде слободен сам да ја бира новата средина на 36-годишна возраст.
Постои голема шанса тоа да биде Лос Анџелес каде за прв пат во кариерата би заиграл за Лејкерс. Ваков потег би значело и ново партнерство со Леброн Џејмс со кој се добри пријатели и се уште тренираат заедно и покрај тоа што последно заедно играа пред осум години во Кливленд, освојувајќи ја титулата во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

