Дончиќ дојде со „тенк“ на тренинг, Американците се импресионирани (видео)

Лука Дончиќ ги почна подготовките за новата сезона со Далас маверикс, а во фокусот на американските медиуми се најде возилото со кое словенечкиот кошаркар дојде на првиот тренинг на својот тим.

Словенецот излезе од „тенк“ кој делуваше импресивно – станува збор за „Jeep Apocalypse 6×6“, возило кое наликува на мини-тенк, има мотор од 850 коњски сили и развива 100 километри на час за само 3,7 секунди.

Погледнете како изгледа ова импресивно возило на Лука Дончиќ…

Се вчитува...