Лос Анџелес Лејкерс стигна до 42-та победа сезонава, овој пат на паркетот во Крипто Арена, совладувајќи го Сан Антонио Спарс со 125:109.
Избраниците на Џеј Џеј Редик губеа само на стартот на мечот, а потоа кога стигнаа до 10 разлика, никогаш повеќе не ја испуштија двоцифрената предност до крајот на натпреварот.
Остин Ривс постигна 30 поени, 7 скока и 6 асистенции.
Лука Дончиќ беше на прагот на трипл-дабл учинок. Словенецот постигна 21 поен, испорача 14 асистенции и 9 скока. Иако шутираше 5 од 20 од поле и 1 од 7 од тројка, тој изведе 10 од 13 слободни фрлања.
Од друга страна, Стефон Касл постигна 23 поени, а Девин Васел 17.
Во другите натпревари Денвер Нагетс без Никола Јокиќ ги совлада Голден Стејт Вориорс со 114:105 предводени од Арон Гордон. Центарот на Нагетс постигна 38 поени. Ниту 20-те поени на Стеф Кари не им помогнаа на Вориорс.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Мајами 116:95
Хјустон – Филаделфија 144:137
Минесота – Индијана 130:132
Њу Орлеанс – Детроит 81:127
Јута – Чикаго 97:111
Голден Стејт – Денвер 105:114
Финикс – Торонто 129:89
Портланд – Вашингтон 112:97
Сакраменто – Мемфис 132:122
ЛА Лејкер – Сан Антонио 125:109
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА