Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, неверојатниот Лука Дончиќ потврди дека ќе настапи за Словенија на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Токио. Словенија ќе биде дел од квалификацискиот турнир кој ќе се игра во Каунас, Литванија, а покрај домаќинот дел од него ќе бидат и репрезентациите на Јужна Кореја, Венецуела, Полска и Ангола. Само најдобрата селекција ќе обезбеди пласман на ЛОИ.
„Сигурно ќе играм на квалификацискиот турнир во Каунас“, изјави накратко Дончиќ.
Турнирот ќе се одигра по крајот на НБА сезоната во периодот од 23. до 28 јуни годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

