Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше уморен по натпреварот со Филаделфија. Неговите Лејкерси победија со 108-112 во првиот натпревар на Дончиќ откако стана татко по втор пат.
Не му беше лесно да се одвои од семејството и да се врати во Америка.
„Ја видов повторно ќерка ми. Секако, бебето. Малку беше тешко да ги оставам. Но, тоа е работа. Морам да го направам тоа. Тоа е едноставно најдоброто нешто на светот. Две мали девојчиња. Сигурно ќе ми го направат животот пекол. Го знам тоа. Ќе бидам нивно обезбедување откако ќе се пензионирам. Но, шегата настрана, тоа е најдоброто чувство на светот. Благословен сум“, рече Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

