Дончиќ е нов „газда“ во ЛА Лејкерс, нов договор со бројки од кои боли глава

Лука Дончиќ дефинитивно ја презема улогата на лидер на ЛА Лејкерс од Леброн Џејмс, управата на „езерџиите“ е свесна дека ова е последна сезона на „кралот“ Џејмс во клубот, па затоа право се за да го убеди Дончиќ да остане во Лос Анџелес. Последните информации од САД говорат дека е постигнат целосен договор за продолжување на соработката и дека Лука во најскоро време ќе потпише нов четиригодишен договор.

Согласно НБА-правилата, тоа не може да биде супер-максимален договор каков што ќе му следеше ако останеше во Далас, но бројките за нови четири години во Ел-Еј исто така се импресивни.

Имено, Лука за оваа четиригодишна соработка ќе инкасира вкупно 229 милиони долари, а договорот ќе може да биде потпишан најрано на 2 август, кога 26-годишниот Словенец ќе ги исполнува условите за потпис на продолжување на соработката. Актуелниот договор на Дончиќ истекува за една година, па јасно е зошто челниците на Ла Лејкерс прават се за уште летово да потпишат нов, да не се доведат во ситуација следното лето да останат без двете најголеми ѕвезди во тимот.

Се вчитува...