Дончиќ: Едвај чекам да ги замолкнам Грците сред Атина

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ му се стави на располагање на селекторот Александар Секулиќ за престојните квалификациите за Летните олимписки игри кои на крајот на месец јули и почетокот на месец август ќе се одржат во главниот град на Франција.

Словенија ќе настапува на турнирот во Атина каде за противници во првата фаза ќе ги има Хрватска и Нов Зеланд, а доколку се пласира во вториот круг голема е веројатноста дека ќе се сретне и со домаќинот Грција. Ваков предизвик не е новитет за Дончиќ кој во 2021 година ја предводеше Словенија до победа во квалификациското финале во Каунас против домаќинот Литванија.

„Се сеќавам на натпреварот во Каунас на претходните квалификации. Игравме пред полна арена Литванци и победивме. Би било убаво да играме во оваа арена пред гласните Грци и да ги замолкнеме. Но, има време за натпревар против нив. Прво ни следат Хрватска и Нов Зеланд“, вели Дончиќ.

Се вчитува...