Завршниот турнир на четирите најдобри екипи во кошаркарската Евролига е финалето на одличната клупска сезона на Стариот континент. Во Белград за трофејот ќе се борат најдобрите четири екипи во сезонава. Во полуфиналето се соочуваат Реал Мадрид и ЦСКА Москва, додека бранителот на титулата Фенербахче оди на Жалгирис во битката за место во финалната пресметка закажана за в недела.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, кој привлекува огромно внимание поради одличната сезона и поради најавите за трансфер во НБА лигата очекува жестока пресметка со ЦСКА Москва.
„Да се биде на уште еден Ф4 е специјално чувство. Ќе биде неверојатно да ја освојам и Евролигата по успехот на Европското првенство. Признавам дека е малку тешко да се игра кога има толку големо внимание насочено кон мене. Јас само сакам да излезам на теренот и да уживам. Кога играм заборавам на се. Сметам дека многу се подобривме. Учеството на ланскиот Ф4 ми помогна многу. Имавме фантастична сезона во многу тешка година. Не очекува силен тим со голем квалитет – вели Дончиќ.
Евентуалната одлука за напуштање на европската кошарка, словенечката ѕвезда ја остава за по комплетирањето на Ф4 турнирот.
„Не сум сигурен дека ова ќе ми бидат последните два натпревара во Евролигата. За иднината ќе донесам одлука по завршувањето на сезоната“ – изјави Дончиќ.
За Реал Мадрид ова е десетто учесто на завршите турнири од Евролигата, поседен пат, „кралскиот клуб“ пехарот го крена во сезоната 20014/15. ЦСКА Москва пак триумфираше во следната сезона, рускиот тим ја продолжува одличната трација учества на Ф4 турнирите, по 18-ти пат е меѓу четирите најдобри, а е во обид да дојде до осмиот трофеј.
„Имаме огромен предизвик пред нас и сакаме да ја оствариме целта која што си ја поставивме на почетокот од сезоната. Со нетрпение го очекуваме натпреварот бидејки ваквите важни моменти се големо уживање. Има многу играчи кои има клучни улоги за нивните тимови во текот на сезоната. Дончиќ имаше одлична сезона, исто така и Де Коло. Има многу талентирани играчи кои воодушевуваат. Се надевам дека јас ќе бидам на високо ниво“ – изјави Серхио Родригез чија ЦСКА ќе мора преку неговиот некогаш тим Реал Мадрид до место во финалето.
Полуфиналниот дуел меѓу Реал Мадрид и ЦСКА Москва е во вечерниот термин (21 часот) за полуфинални пресметки на Ф4 турнир во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА