Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја запишаа шестата победа во низа во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Хјустон рокетс со 92-100.
Одлична партија повторно имаше Лука Дончиќ кој го водеше својот тим до победа постигнувајќи 36 поени надополнети со шест скока и четири асистенции. Кај поразените Џабари Смит џуниор постигна 22 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Атланта – Орландо 124-112, Вашингтон – Голден стејт 117-125, Бруклин – Портланд 95-114, Бостон – Феникс 120-112, Чикаго – Мемфис 132-107, Њу Орлеанс – Далас 129-111 и ЛА Клиперс – Сан Антонио 115-119.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

