Дончиќ ги водеше Лејкерс до триумф над Шарлот, нова моќна партија на Вемби (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се вратија на победите во НБА лигата сезонава откако синоќа славеа на гостувањето кај Шарлот хорнетс со 111-121.

Лука Дончиќ имаше нова неверојатна партија сезонава откако мечот го заврши со 38 поени, надополнети со шест скока и седум асистенции. Кај поразените Мајлс Бриџис уфрли 34 поени.

Вембањама продолжува со одличните партии во дресот на Сан Антонио. Спурс славеа на гостувањето кај Чикаго булс со 117-121, а Французинот мечот го заврши со 38 поени, 12 скока и по пет асистенции и блокади.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Вашингтон 137-135, Орландо – Портланд 115-112, Мајами – Кливленд 140-138, Далас – Милвоки 114-116, Феникс – Њу Орлеанс 121-98, Јута – Минесота 113-120 и ЛА Клиперс – Атланта 102-105.

Се вчитува...