Дончиќ: Гласната грчка публика повеќе ќе ме мотивира

Словенечката кошаркарска репрезентација по болниот и тежок пораз од Хрватска на стартот на квалификациите за Летните олимписки игри успеа да се претстави во блескаво светло против Нов Зеланд и со убедлив триумф осигура полуфинале за место во главниот град на Франција.

Во полуфиналето на турнирот кој се игра во Атина кошаркарите предводени од Лука Дончиќ нема против себе да ја имаат само гласната грчка публика туку ќе мораат да најдат и решение за фантастичниот Јанис Адетокумпо. И покрај тешките предизвици, Дончиќ верува дека неговиот тим може да ја продолжи низата на настани на Олимпијадата.

„Ги разочаравме словенечките навивачи кога станува збор за дуелот против Хрватска, но успеавме да им ја вратиме насмевката на лицето против Нов Зеланд. Сега ни следат натпревари во кои право за грешка не постои ако сакаме, а сакаме да се пласираме на Олимписките игри.

Грција има одлична екипа. Грција не е само Јанис, напротив. Ќе имаат и голема поддршка од навивачите, но повторувам уште еднаш. Дојдовме во Атина за да избориме место во Париз. Со самото тоа целта против Грција е јасна. Мораме да бидеме на искучително високо ниво од почетокот до крајот. Атмосферата во салата ќе биде дополнителен мотив и за нас“, вели Дончиќ.

Се вчитува...