Дончиќ го ангажира новиот натурализиран кошаркар на Словенија

Словенија и во иднина ќе настапува со натуралиран Американец во своите редови. Тоа ќе биде центарот Џексон Хејс кој му е соиграч на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс.

Дваесетипетгодишникот е дел од НБА лигата од 2019 година кога беше одбран како осми пик на драфтот од страна на Њу Орлеанс.

Хејс помина четири години во Пеликанс пред да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс каде од февруари оваа година за соиграч го има Словенецот.

Се вчитува...