Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа осум натпревари. Кошаркарите на Јута џез стигнаа до изненадувачки убедлив триумф на домашен терен против Далас маверикс од 127-90.
Убедливо најлошиот натпревар сезонава го одигра Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 19 поени, но со очајна реализација 6/20 од игра и 3/13 за три поени. Кај победникот најдобар поединец беше Џордан Кларксон кој со учинок од 20 поени, 11 асистенции и 10 скока стана првиот „џезер“ по Карлос Бузер во 2008 година кој успеал да стигне до трипл-дабл.
Во дербито на вечерта Лос Анџелес клиперс славеа на домашен терен против Мајами Хит со 121-104. Кавај Ленард со 24 и Пол Џорџ со 23 поени ги предводеа Клиперс кон нова победа сезонава, додека кај поразените Бем Адебајо заврши со 21 поен.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Минесота 112-106, Торонто – Кливленд 124-121, Милвоки – Индијана 113-122, Хјустон – Детроит 136-113, Феникс – Портланд 109-88 и Денвер – Шарлот 111-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

