Лука Дончиќ, како и во текот на целиот шампионат, имаше постојани поплаки кон судиите и на денешниот натпревар за 7. место на Мундобаскетот против Италија на кој Словенците славеа со 89-85.
Дончиќ во една ситуација во која бараше прекршок, а не доби, упати жестоки пцовки кон судијата Адемир Зураповиќ од БиХ.
„Да ти е..м мајката твоја“ – прокоментира Дончиќ, откако не доби прекршок. Но, очигледно заборави дека судијата е од БиХ и го разбра баш секој збор, по што реагираше според пропозициите и ја казни НБА ѕвездата. Дончиќ се обидуваше да глуми потоа дека не разбира зошто доби техничка грешка, но сето тоа беше залудно.
Очигледно не бираше зборови Дончиќ, што е веќе нереално за ѕвезда од негов ранг, па заработи техничка грешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

