Кошаркарите на Далас Маверикс стигнаа до првата победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен проти Мемфис Гризлис со убедливи 137-96.
Прво име во победничкиот табор очекувано беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, надополнети со седум скока и десет асистенции. Кај поразените Жа Морант уфрли 20 поени.
Никола Јокиќ го забележа и својот втор трипл-дабл сезонава во победата на неговиот Денвер Нагетс над Оклахома Сити Тандер од 122-117. Српскиот интернационалец натпреварот го заврши со 19 поени, 16 скока и 13 асистенции. Кај Оклахома најефикасен беше Шеил Гилџс-Александер со 28 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Сан Антонио 105-114, Индијана – Детроит 124-115, Орландо – Бостон 120-126, Мајами – Торонто 112-109, Чикаго – Кливленд 96-128, Милвоки – Хјустон 125-105 и Сакраменто – ЛА Клиперс 109-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

