Дончиќ го уништи својот Далас, пораз на Јокиќ и Денвер од Сан Антонио

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја завршија групната фаза од НБА купот со максимален скор од четири победи без пораз, откако доцна синоќа на домашен терен славеа против Далас маверикс со 129-119.

Лука Дончиќ имаше нова неверојатна партија овојпат против својот поранешен тим завршувајќи го мечот со 35 поени, надополнети со четири скока и 11 асистенции. Одлична вечер имаше и Остин Ривс кој постигна 38 поеми. Кај поразените Пи Џеј Вашингтон уфрли 22 поени.

Денвер нагетс загубија на домашен терен од Сан Антонио спурс со 136-139. Одличен во таборот на победникот беше Диарон Фокс кој мечот го заврши со 35 поени. Јокиќ пак постигна 21 поен со девет скока и 10 асистенции.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Атланта – Кливленд 130-123, Бруклин – Филаделфија 103-115, Шарлот – Чикаго 123-116, Детроит – Орландо 109-112, Индијана – Бруклин 119-86, Њујорк – Милвоки 118-109, Оклахома – Феникс 123-119, Јута – Сакраменто 128-119 и ЛА Клиперс – Мемфис 107-112.

Се вчитува...