Лука Дончиќ и Никола Јокиќ се вратија на паркетот за првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, но со одличната индивидуална изведба не успеаја да им помогнат на своите тимови да започнат со победа. Далас загуби со 107-105 на гостувањето кај Феникс, додека Денвер забележа убедлив пораз од 123-102 кај Јута.
Словенецот го предводеше својот тим со 35 поени, 9 скока и 6 асистенции, додека лидер на Феникс беше Букер со 28 поени и 9 асистенции. Србинот пак постигна 27 поени, 6 асистенции и 4 скока, но одличната тимска игра на Јута донесе седум двоцифрени играчи од кои најрасположен беше Секстон со 20 поени и 5 скока.
Хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ со триумф ја започната новата авантура во Детроит откако славеше против Орландо со 113-109. Крилото беше лидер на својот тим со 24 поени и 5 скока.
Во останатите натпревари:
Индијана – Вашингтон 107-114
Бруклин – Њу Орлеанс 108-130
Мемфис – Њујорк 115-112
Мајами – Чикаго 108-116
Торонто – Кливленд 108-105
Минесота – Оклахома 115-108
Сан Антонио – Шарлот 102-129
Сакраменто – Портланд 108-115
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

