Дончиќ и Леброн ги водеа Лејкерс до победа над Мемфис (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс запишаа нова победа во НБА лигата сезонава откако синоќа славеа на домашен терен против Мемфис гризлис со 120-114.

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс повторно беа први имиња во таборот на победникот. Словенецот мечот го заврши со 36 поени, додека Леброн постигна 26. Кај поразените најефикасен беше Велс со 23 поени.

Актуелниот шампион Оклахома сити тандер запиша нов пораз откако загуби на гостувањето кај Феникс санс со 108-105.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Детроит 110-114, Орландо – Индијана 135-127, Бруклин – Денвер 127-115, Мајами – Њу Орлеанс 125-106, Вашингтон – Минесота 115-141 и Сакраменто – Милвоки 98-115.

Се вчитува...