Откако беа елиминирани во НБА Купот, ЛА Лејкерс гостуваше кај Феникс и одигра драматичен натпревар, на крајот со победа од 116-114.
Лејкерси имаа проблеми со повреди, па на овој натпревар им недостасуваше Остин Ривс, а секако најмногу се очекуваше од Дончиќ и Леброн Џејмс. Сепак, Лејкерси изгубија многу топки, а Леброн Џејмс, кој имаше пет изгубени топки, беше непрепознатлив.
На четири минути пред крајот на натпреварот, гостите поведоа со 109-95, и се чинеше дека ќе победат. Сепак, вистинската драма се случи откако Феникс на крилјата на навивачите се враќа на 111-106, а потоа и до минус од само два поени.
Вистинска драма следеше во последната минута. Леброн Џејмс постигна кош за 113-109, по што следеше победа.
Дончиќ постигна 29 поени, а имаше и три скока и шест асистенции.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Филаделфија 120-117
Бруклин – Милвоки 127-82
Чикаго – Њу Орлеанс 104-114
Минесота – Сакраменто 117-103
Финикс – ЛА Лејкерс 114-116
Портланд – Голден Стејт 136-131
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

