Дончиќ ја врати „магијата“, нов триумф на шампионот (ВИДЕО)

По слабиот старт на сезоната, Лука Дончиќ конечно одигра на препознатливото ниво во победата на Далас Маверикс над Мајами Хит со 93-83. Словенецот одигра неверојатен натпревар кој го заврши со 27 поени, 15 скока и 7 асистенции. Кај поразените Бем Адебајо постигна 19 поени.

Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до нова победа против Сан Антонио 103-109. Ентони Дејви со 34 и Леброн Џејмс со нов трипл дабл учинок, 26 поени, 11 скока и 10 асистенции беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Келдон Џонсон со 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната програма Шарлот – Мемфис 93-108, Детроит – Бостон 96-93, Бруклин – Атланта 96-114, Милвоки – Чикаго 126-96, Минесота – Вашингтон 109-130, Денвер – Феникс 103-106, Јута – ЛА Клиперс 106-100 и Голден Стејт – Портланд 98-123.

Се вчитува...